Иако пред извесен
период поранешниот легендарен бразилски фудбалер, 80 годишниот Пеле ја напушти
интензивната нега и порача дека е во одлична состојба по операцијата на тумор
на дебелото црево, неговата здравствена состојба одново е влошена, односно се здобил со компликации по операцијата.
Сега бразилското
издание на „ЕСПН“ известува дека Пеле повторно е на интензивна нега, меѓутоа се
верува дека е вон животна опасност, туку сево ова е на инсистирање на докторите
кои заклучиле дека за него подобро е во моментов да биде во болница.
Неговата ќерка
Кели Наскименто синоќа на социјалните мрежи објави фотографија со него, на која
ги увери навивачите дека рехабилитацијата на Пеле тече во позитивна насока, а тој засега е во стабилна состојба, како и тоа дека е сосема нормално да се соочи со одредени компликации по таква операција, на таа годишна возраст.