Милан не сакаше да ги прифати големите барања за плата на Донарума, тие му доставија неколку понуди, но тој ги одби и по крајот на минатата сезона си замина.
Рајола вели дека Донарума не бил третиран од Милан како што треба.
„Жал ми е за начинот на кој беше третиран таму, тој не изврши предавство кон Милан, туку направи животен избор. Можеше да замине и четири години претходно, но не го направи тоа“, вели Рајола.
„Мислам дека Јувентус долго време ќе жали што не го потпиша Донарума, и не само Јувентус“.
Но, досега Донарума настапи само на еден натпревар за ПСЖ, тоа се случи кога Навас доцна се врати од настап за својата репрезентација.
„Кејлор Навас? Нема дилема дека Донарума ќе биде прв голман на ПСЖ“, тврди Рајола иако засега не е така.