Поранешниот
фудбалер на Јувентус, Клаудио Маркисио верува дека Милан во моментов е посилен
отколку неговиот поранешен клуб, а додава дека на „Старата дама“ потребно и е
време.
„Милан е посилен
во моментов, Малдини, Масара и Пиоли досега направија одлична работа во обидите
да изградат тим, а клубот изминативе неколку години имаше доста проблеми во испорачувањето на резултатите“ рече
Маркисио.
„Се вратија во
натпреварување (ЛШ) кое ги претставува на еден посебен начин, Ливерпул беше
тежок противник, но можат да извлечат некоја сатисфакција оваа сезона“ додаде
тој.
„Во моментов
Јувентус е во фаза на реконструкција, но ќе мораат да докажат дека се на исто
ниво на тимот кој ја отвори победничката низа“ заклучи Маркисио.