Лацио тргна со
минимален пораз кај Галатасарај синоќа во првото коло од групите во Лига
Европа, а голманот Стракоша им подари гол на Турците, а воедно и водство кое
домаќинот до крај го сочува.
Лацио си постигна еден од најлудите автоголови видени досега! (ВИДЕО)
Сепак,
предводникот на Римјаните, Маурицио Сари видел прогрес во сета игра на неговите
избраници, особено споредено со поразот кај Милан во неделата во рамките на
Серија А.
„Мислам дека
направивме прогрес, ова беше сосема различен натпревар споредено со тој во
неделата, во една различна атмосфера против доста опасен тим, не бевме целосно
надиграни на теренот“ рече Сари за „Скај Спорт Италија“.
„Натпреварот го
игравме под контрола, а потоа се случија грешки кои се составен дел од спортот,
а на крајот ја плативме цената за тоа“ додаде искусниот италијански фудбалски
стратег.