ПСЖ има страшно
напаѓачко трио во Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, но поранешниот англиски
напаѓач, Мајкл Овен смета дека францускиот вицепрвак е дури и послаб со Меси, а
додаде дека многу повеќе корист клубот би извлекол од Донарума и Рамос отколку
од Меси.
„Овој тим на ПСЖ,
со тие напаѓачи кои се на располагање, тие сите се феноменални од индивидуален
аспект на играта, меѓутоа тројцата заедно го прават тимот дури и послаб“ рече
Овен.
„Јас навистина не
разбирам зошто ПСЖ е еден од фаворитите за Лигата на шампионите, сметам дека
англиските тимови како Челси, Ливерпул, Манчестер Сити и Манчестер јунајтед се
генерално гледано многу посупериорни“ додаде поранешниот англиски напаѓач, кој
заклучи дека за разлика од Меси, други фудбалери се клучни за Парижаните.
„Имам чувство
дека ангажманот на Донарума и Рамос им дава поголеми шанси за освојување на
Лигата на шампионите, повеќе од ангажман на фудбалер како Меси“ заклучи Овен.