Голем дел од
навивачите на Атлетико Мадрид и натаму го искажуваат револтот кон Антоан
Гризман откако Французинот се врати на „Ванда Метрополитано“ откако претходно
направи трансфер во ривалот Барселона.
Навивачите на „Јорганџиите“
јасно ставија дознаење дека Гризман за нив е непожелна личност и на мечот
против Порто во Лигата на шампионите, а сега имаа и „судир“ со Жоао Феликс, кој
пак застана во одбрана на својот соиграч.
Португалецот
напуштајќи го тренинг центарот на клубот се пресретна со навивачите на Атлетико
Мадрид, а еден од нив имаше непријатен коментар до него.
„Жоао, повреди го
Гризман, стори го тоа како да не си сакал“ рече навивачот.
„Треба да имате
повеќе почит кон Гризман“ му возврати Феликс, кој одново доби слично барање и
од друг навивач.