По седум години
пауза, Милан се врати во Лигата на шампионите и во средата му гостуваше на
Ливерпул на Енфилд во возбудлив натпревар со два пресврти и резултат 3-2.
„Ова за многу
играчи беше прв настап во Лигата на шампиони, сега ќе разберат какво е ова
натпреварување и што треба да се прави. Сега сите знаат како е да се игра
против најдобрите во Европа и светот, какво е темпото на игра, каков е
квалитетот“ – вели Златан Ибрахимовиќ.
„Среќен сум за
моите соиграчи. Паметам кога кон крајот на минатата сезона прашав колку
фудбалери играле Лига на шампиони. Само два-тројца кренаа рака. Мислев дека се
шегуваат, но беше вистина“.
„Доколку не сте
играле Лига на шампиони, не знаете што пропуштата во кариерата. Дури и само да
ја шутнете топката од Лигата на шампиони, ви дава поинаква енергија, повеќе
адреналин“.
„Лига на шампиони
на Сан Сиро со полни трибини, е тоа ќе биде вистински адреналин“.