Наполи и Елмас во самиот финиш се спасија од пораз кај Лестер (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Елмас од клупата го почна натпреварот против Лестер, во игра влезе во 64. минута од натпреварот.

Лестер поведе со гол на Перез уште во деветата минута, а Барнс во 64. зголеми на 2-0.

Се чинеше дека англискиот тим ќе дојде до победата, но Осимен во 69. намали на 2-1, а истиот фудбалер во 87. ги постави конечните 2-2.

2-2 заврши и мечот меѓу ПСВ Ајндховен и Реал Сосиедад, Лион со 2-0 победи на гостувањето кај Глазгов Ренџерс.

Олимпијакос со 2-1 го совлада Антверп, Монако соо 1-0 славеше над Штурм, 1-1 заврши дуелот меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Фенербахче.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×