Црвена звезда ја победи Брага, пораз на Динамо Загреб од Вест Хем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Црвена звезда со поддршка од навивачите на стадионот „Рајко Митиќ“ успеа да ја победи Брага во еден рамноправен меч.

Црвено-белите дојдоа во водство во 75. минута со гол на Родиќ со глава, но радоста траеше кратко бидејќи веќе во следната минута Галено погоди за 1-1.

На пет минути до крајот Црвена звезда доби пенал кој го реализираше Катаи за победа од 2-1.

Адеми го одигра целиот меч, Рстовски беше заменет во 63. минута од дуелот меѓу Динамо Загреб и Вест Хем кој го добија гостите со 2-0.

Антонио во 22. минута и Рајс по пет минути игра во втрото полувреме погодија за Вест Хем.

Галатасарај со 1-0 го победи Лацио, Бетис со 4-2 славеше над Селтик, Баер Леверкузен со 2-1 беше подобар од Ференцварош.

Митјиланд и Лудогорец одиграа 1-1, со ист резултат заврши и дуелот меѓу Локомотив Москва и Марсеј, Генк со 1-0 го победи Рапид во Виена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×