Аке со многу емоции откри дека неговиот татко починал неколку минути откако тој постигна гол

by
1 минути читање

Аке синоќа беше стрелец во победата на Манчестер Сити над Лајпциг од 6-3, тоа беше прв погодок за него во Лигата на шампионите.

Дефанзивецот на Сити сега открива дека неколку минути откако го постигнал погодокот, починал неговиот болен татко. Погодокот му го посвети нему.

„Изминатите неколку недели беа најтешки во мојот живот, мојот татко беше многу болен и веќе не беа возможни третмани. Бев среќен што имав голема поддршка од мојата вереница, фамилијата и пријателите. Синоќа го постигнав мојот прв гол во Лигата на шампионите и само неколку минути подоцна тој починал мирно додека мојата мајка и брат ми биле покрај него. Можеби така требаше да биде, гледањето како играм го правеше секогаш горд и среќен. Знам дека секогаш си со мене, секогаш ќе бидеш во моето срце и ова беше за тебе тато“, напиша Нејтан Аке.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×