„Боли кога ќе вклучиш ТВ да гледаш ЛШ и ЛЕ а таму го нема Арсенал“

by
1 минути читање

За прв пат по 25 години, Арсенал не игра во Европа откако „топчиите“ потфрлија минатата сезона во Премиерлигата.

Запрашан како се чувствува кога гледа натревари од ЛШ и ЛЕ, а таму го нема неговиот тим, Микел Артета вели: „Ме боли многу. Во последните неколку дена, мака ми е да вклучам ТВ и да гледам како сите тие тимови играат, а Арсенал го нема. Беше прилично болно“.

Ова сепак ќе придонесе за „топчиите“ да имаат уште поголема желба да се вратат во Европа следната година.

„Секако дека ова е мотив плус. Не сакам да седам дома и да гледам како Арсенал не игра во овие натпреварување“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×