Леон Горецка се
обврза на верност со Баерн Минхен до 2026 година откако стави потпис на нов
договор, а со тоа стави и крај на сите шпекулации околу неговата иднина.
26 годишниот
Горецка беше влезен во финалната година од својот договор со „Баварците“, а се
поврзуваше со можен трансфер во Манчестер јунајтед во текот на летниот преоден
рок.
Фудбалерот од
средниот ред пристигна во Баерн Минхен во 2018 година по трансферот од Шалке
04, а ланската сезона одигра клучна улога во тимот на поранешниот тренер Ханси
Флик во освоената титула во Лигата на шампионите.
Досега Горецка во
дресот на Баерн Минхен освои три титули во Бундеслигата, две во националниот
куп и една Суперкупот на Германија, една во Суперкупот на УЕФА, како и една титула на Светското клупско првенство.