327
Реал Мадрид со гол во 90. минута на Родриго го победи Интер со 1-0. Нероазурите имаа одлично прво полувреме во кое доминираа, но таа слика не ја повторија во вториот дел.
„Во првото полувреме Интер играше во многу високо темпо и тоа ни се исплатеше во вториот дел“, вели Карло Анчелоти.
„Мечот беше многу изедначен. Ние загубивме премногу топки, Брозовиќ н создаваше потешкотии, но на крајот успеавме“.
„Треба да бидеме внимателни во оваа група. Никој не очекуваше Шериф да го победи Шахтар. Ние и Интер сме фаворити за следното коло, ние имаме сега и предност, но треба да бидеме внимателни“.