Меси, Нејмар и Мбапе за првпат играа заедно, но ПСЖ се посрамоти во Бриж (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Многумина очекуваа ПСЖ да ги гази противниците кога ова трио ќе почне заедно да игра, особено оние како Клуб Бриж, но се покажа дека не е така.

Можеби ќе им биде потребно време да се воиграат, но ако се суди по денешниот меч, Покетино ќе има многу работа со големите ѕвезди.

Единствениот гол за ПСЖ го постигна Андер Ерера, а Клуб Бриж не само што израмни, туку имаше големи шанси и за победа.

Меси кој го одигра целиот натпревар, имаше шанса во првото полувреме, но ја погоди пречката.

Следниот натпревар на ПСЖ е дерби од француското првенство, на својот стадион во недела го пречекуваат Лион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×