174
Челси води тешка
битка во преговорите со стоперот Антонио Рудигер за продолжување на
соработката, а барем засега нема позитивни сигнали дека обете страни ќе се
договорат.
Германскиот
репрезентативец за брзо се адаптираше во новиот систем на неговиот сонародник
Томас Тухел и за кратко стана еден од клучните на теренот за „Сините“ од
Лондон, кои наредното лето би можеле да го загубат стоперот без никакво
обештетување.
Се верува дека
Рудигер има понуда на маса од Премиерлигашот со неделна плата во висина од 125
илјади фунти, а за стоперот постои сериозен интерес од страна на ПСЖ, Јувентус,
Реал Мадрид, но и Баерн Минхен.