627
Откако првиот
човек на Ла Лига, Хавиер Тебес пред неколку дена изјави дека Реал Мадрид има финансиска
моќ да ги купи Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд заедно, со слична изјава сега
излезе и поранешниот генерален директор на Баерн Минхен.
„Левандовски е
најдобриот напаѓач во светот, Халанд е вториот најдобар. Верувам дека Баерн сака
да го задржи Левандовски и по истекот на актуелниот договор во 2023 година“ –
вели Карл Хајнц Румениге во разговор со Билд.
„Халанд е
инвестиција. Мислам дека нема да се пресели во Ливерпул. Но Реал Мадрид е друга
приказна. Доколку „кралевите“ бркнат доволно длабоко во џебот, големи се
шансите следното лето да ги донесат Халанд и Мбапе“.