ПСЖ ова лето ја одби понудата од Реал Мадрид за Мбапе, тој влезе во последната година од договорот и веќе во јануари може да преговара со други клубови.
Се верува дека тој по крајот на сезоната како слободен играч ќе се пресели во Реал Мадрид, но Леонардо смета дека тоа нема да се случи.
„Понудата на Реал Мадрид не беше доволна, и немаше други понуди. Нов договор? Не можеме да ја замислиме нашата иднина без него, не можам да видам дека тој заминува по крајот на сезоната“, вели Леонардо.
„Не ни се допадна тоа што го направи Реал Мадрид за Мбапе. Не добивме конечна понуда на последниот ден. Но искрено никогаш не помисливме да го продадеме Килијан… понудата не беше доволно добро. Таа беше помала отколку што плативме ние за него“.