330
Лестер со месеци
се обидува да го обнови договорот на Јури Тилеманс, но никако да пристигне абер
за продолжување на соработката. Самиот фудбалер сега признава дека е на два ума
откако гигантите ширум Европа пројавија интерес за неговите услуги.
„Отворен сум за
се. Трансфер пазарот можеби заврши, но јас сакам да имам што е можно повеќе опции.
Ќе видиме што ќе се случи. Нема да кажам дека ќе потпишам нов договор, ниту пак
ќе кажам дека нема да потпишам нов договор“ – вели фудбалерот од Белгија.
Се шпекулира дека
Реал Мадрид, Барселона, Ливерпул и Манчестер јунајтед се дел од клубовите кои
внимателно ја следат ситуацијата.