185
Верона има три порази по три одиграни натпревари во Серија А, тоа беше доволно за раководството на клубот да му даде отказ на тренерот Еузебио Ди Франческо.
Газдите на клубовите во Италија немаат многу трпение со тренерите, особено оние од вториот дел на табелата, па така е и во Верона.
„Верона сака да соопшти дека го отпушти Еузебио Ди Франческо од позицијата тренер на првиот тим“, стои во соопштението на клубот.
Верона загуби од Сасуоло, Интер и Болоња, а во следното коло ја пречекува Рома.