Каков гол на Таунсенд! Евертон со пресврт го победи Барнли (ВИДЕО)

by
0 минути читање

По мирното прво полувреме, возбудувањата почнаа во 53. минута кога Барнли поведе со гол на Ми.

Водството на гостите траеше седум минути, а тогаш по одлична асистенција на Таунсенд, Кин даде гол со глава за 1-1.

Пет минути подоцна следуваше прекрасниот гол на Таунсенд со кој Евертон го сврте резултатот и поведе со 2-1.

Во следната минута беше поставен конечниот резултат, Докуре убаво асистираше до Греј кој погоди за конечни 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×