Вернер ќе замине од Челси уште во јануари и ќе се пресели во друг гигант?

by
0 минути читање

Лукаку во Челси пристигна како големо засилување, а со неговите игри во првите кола си го закова местото во стартниот тим.

Тоа значи дека Тимо Вернер ќе ја грее клупата, шанса ќе добива при крајот на натпреварите и на некои полесни куп дуели.

Германецот е незадоволен од неговиот статус, а тоа сака да го искористи Баерн Минхен.

Според „Фудбал Инсајдер“, можен е трансфер на Вернер во Баерн Минхен уште во јануарскиот преоден рок.

Јулијан Нагелсман е голем фан на Вернер и го познава многу добро од деновите кои заедно ги поминаа во Лајпциг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×