203
Реал Мадрид двапати имаше негатива во текот на мечот, но на крајот славеше убедливо со три гола предност. Ова беше прв натпревар на Сантијаго Бернабеу по 2019 година.
„Ова беше многу добра ноќ, речиси се функционираше добро“, вели Анчелоти.
„Не беше перфектно, но ова беше прв меч со публика тука и тоа ни помогна многу“.
„Примивме два евтини гола, и тоа е нешто на што треба да работиме, но потенцијалот во нападот беше исклучителен“.
Следен натпревар на Реал Мадрид е гостувањет кај Интер во среда во меч од Лигата на шампионите.