1,2K
Кристијано Роналдо синоќа го имаше своето второ деби во дресот на „ѓаволите“, сите чекаа да видат како Португалецот ќе се покаже 12 години подоцна, а тој одговори со одлична партија и два погодока.
ЦР7 и денеска е топ тема на медиумите од „островото“, Англичаните се импресионирани од спринтот на напаѓачот за вториот гол. Според БиБиСи, Кристијано Роналдо достигнал брзина од 20,2 милји на час, односно околу 32,5 километри на час.
Со оглед на тоа дека Кристијано Роналдо има 36 години, ова е повеќе од солида бројка.