Алегри и Спалети ја „спукале“ за време на прес-конференцијата по мечот!

by
1 минути читање

Наполи со пресврт во второто полувреме го победи Јувентус со 2-1. Тимот на Алегри има освоено само еден бод во првите три натпревари.

По вчерашниот меч двајцата стратези имале вербален дуел на прес-конференцијата која изобилувала со тензиија.

Алегри го обвинил Спалети дека во текот на мечот постојано правел притисок врз судиите, а тренерот на Наполи му одговорил: „Ова е првпат да го победам Јувентус и ти ме обвинуваш дека сум плачел?“.

Двајцата стратези се поздравија пред мечот, но Спалети вели дека тоа не се случило и по натпреварот иако тој тргнал кон Алегри и му подал рака.

„По мечот како што е вообичаено отидов да се поздравам со него, но тој ме игнорираше и продолжи да оди“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×