Роналдо или Фернандеш, кој ќе ги шутира пеналите во Манчестер јунајтед?

by
1 минути читање

По трансферот во
Манчестер јунајтед во јануари 2020, Бруно Фернандеш ја превзеде обврската да шутира
од белата точка и има одличен скор, реализираше 21 пенал од 22 обиди.  

Но со враќањето на Кристијано Роналдо на Олд
Трафорд, се комплицираат работите. ЦР7 беше задолжен за пеналите во Реал
Мадрид, во Јувентус, а исто така е прв пеналџија и во репрезентацијата на Португалија.

„Знаев дека ќе ми
го поставите ова прашање“
– рече Оле Гунар Солшер на пресконференцијата во
пресрет на дуелот со Њукасл. „Секако, веќе разговарав со двајцата. Имам двајца
играчи на кои можам да им го довeрaм животот кога се во прашaње пеналите, и добро
е да се биде во таква позиција“.

„Јас ќе бидам тој
кој ќе кажува кој да шутира. Двајцата ќе го почитуваат изборот и ќе ги следат инструкциите.
Двајцата ќе продолжат да го прават тоа што најдобро го знаат кога од нив ќе
биде побарано да се шутне пенал“.

Норвежанецот може
да се најде на слатки маки уште денеска, медиумите од Англија пренесуваата дека
„протекол“ составот на „ѓаволите“ и Кристијано Роналдо ќе биде стартер против
Њукасл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×