Ибрахимовиќ: Јас сум најдобриот во светот

by
1 минути читање

39 годишниот
напаѓач на Милан, Златан Ибрахимовиќ е подготвен да се врати на терените
викендов, а тоа може да го стори на дербито со Лацио во Серија А откако
отсуствуваше поради повреда.

Швеѓанецот во
неговиот препознатлив стил изјави дека тој е најдобриот во светот, а единствено
нешто што му недостасувало во кариерата е Златната топка, но ја наведе и
титулата во Лигата на шампионите.

Доколку нешто ми
недостасува, тоа е Златната топка
“ вели популарниот Ибра за „Франс Фудбал“.

Доколку говориме
за квалитетите, во тој случај останатите немаат ништо повеќе од мене, а доколку во
предвид ги земеме трофеите, тогаш да, не сум ја освоил Лигата на шампионите

додава тој.

Не знам кои
критериуми ги земаат во предвид во носењето на одлуката за тоа кој е најдобар,
меѓутоа јас воопшто не сум опседнат на таа тема, кога тимот функционира
колективно, тогаш индивидуално секој може да произвлече бенефит од таквата
ситуација, еден индивидуалец не може сам доколку тимот не е добар, сметам дека
јас сум најдобриот во светот
“ заклучи Шведскиот ветеран.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×