Мартин Одегард
верува дека Арсенал може да ја освои Премиерлигата за неколку години, и покрај
фактот што „Топчиите“ во моментов со максимални три порази се заковани на дното
од табелата на стартот од новата сезона.
„Сакаме да се
вратиме во европскиот фудбал оваа сезона, тоа ќе биде од големо значење за
самите фудбалери, клубот, но и навивачите секако“ рече Одегард за „Скај Спортс“.
„Потоа да се
надеваме дека ќе освоиме трофеи, Лигата на шампионите, како и да ја освоиме
Премиерлигата за неколку години“ додаде тој.
„Овој клуб мора
да биде на врвот, потребен му е европскиот фудбал, така едноставно мора да биде
со еден клуб како што е Арсенал“ подвлече плејмејкерот.
Норвежанецот
инаку се врати во редовите на „Топчиите“, но не на позајмица како што беше
претходниот случај во втората половина од ланската сезона, туку со целосен
откупен договор и обештетување во висина од 30 милиони фунти кое го доби Реал
Мадрид.