Манчестер јунајтед преку дресот на Роналдо веќе го исплати трансферот

by
1 минути читање

Два трансфери го
одбележаа летниот преоден рок, оној на Лионел Меси во ПСЖ, но и тој на
Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед, а веќе се вртат и вртоглавите суми
околу продажбата на дресовите на обата фудбалски аса.

Со оглед на
фактот што Роналдо ќе има годишна плата од 25 милиони фунти, може да се
констатира дека „Црвените ѓаволи“ веќе ги вратија половина од тие средства само од продажбата на
дресот со број „7“, па дури и нешто повеќе од тоа, откако од 187 милиони фунти, ним им припаѓаат 7%, односно 13.1 милиони фунти, а Премиерлигашот воедно го исплати обештетувањето кое му го плати на Јувентус.

Од друга страна
пак, дресот на Меси со бројот „30“ донесе 103.8 милиони фунти, а ПСЖ од сето
тоа заработи 7.3 милиони фунти, што е далеку од годишната плата на Аргентинецот
која изнесува 25 милиони фунти.

На Островот
наведуваат дека дресот на Роналдо е најбрзорастечки во историјата на
Премиерлигата, а за дури 600% е зголемена потрагата по дресот на Португалецот
споредено со ланското лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×