Премиерлигашите може да здивнат, ФИФА се откажа од суспензија

by
1 минути читање

11
репрезентативци од Јужна и Централна Америка кои за време на интернационалната пауза не им
беше дозволено да заминат на располагање на своите национални селекции викендов
сепак ќе бидат во комбинација за настап во Премиерлигата.

Фудбалерите кои
не патуваа во Бразил, Чиле, Мексико и Парагвај за мундијалските квалификации
можеа да се здобијат со суспензија од терените во рок од пет денови, меѓутоа по
обемните разговори рестрикциите беа отфрлени како опција.

ФИФА со самото
тоа ја отфрли оваа рестрикција кон клубовите откако имаше детални разговори со
куќата на фудбалот во Јужна, но и Централна Америка.

Како за
потсетување, на фудбалерите не им беше дозволено да патуваат со своите
репрезентации од причина што веднаш по враќањето на Островот ќе мораа во
карантин поради фактот што патуваа во земји кои се на црвената листа за
патување на Велика Британија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×