Поранешната
италијанска фудбалска ѕвезда Роберто Баџо тврди дека на фудбалот денес му е
потребна промена, откако беше запрашан за т.н. Европска Суперлига, но подвлече
дека никој не треба да заборави дека фудбалот припаѓа на луѓето.
„Јас сметам дека
на фудбалот му се потребни промени, тоа е неспорно“ рече Баџо за „Ревиста
Либеро“.
„Брзината со која
пропадна целиот тој проект…како и да е, сево ова треба малку да не подзамисли,
потребен ни е капацитет за да се свртиме кон нови проекти, потребни се луѓе со
капацитет, со веќе претходно искуство“ додаде тој.
„Би бил разочаран
доколку ние ја пропуштивме приликата да изградиме нешто што е повеќе од
потребно, бидејќи светот се менува, луѓето се менуваат, а исто и телевизиите,
потребно е да креираме култура од спортот, истото важи за фудбалот, но никогаш
не треба да заборавиме дека сето тоа им припаѓа на луѓето“ заклучи
Италијанецот.