816
Кристијан Виери
верува дека Ерлинг Халанд ќе се пресели во Реал Мадрид идното лето, а за
напаѓачот на Борусија Дортмунд има голем интерес од европските гиганти, но
барем засега се уште е дел од Борусија Дортмунд.
„Халанд веќе
покажа дека поседува огромни квалитети, тој добро знае кога да се ослободи од
топката, а кога да заврши сам, нема што да се зборува многу за него, тој е
најдобар во се’, неговиот шут
е неверојатен…“ рече Виери.
„Каде ќе игра?
Мене ми е кажано дека тој 100% ќе се пресели во Реал Мадрид, ќе почекаме да
видиме дали оваа вест е потврдена“ додаде Италијанецот говорејќи на својот
канал „Бобо ТВ“..