Во Јувентус не кријат дека Роналдо им ги променил плановите

by
1 минути читање

Спортскиот
директор на Јувентус, Федерико Керубини не крие дека клубот од Торино во целост
требало да ги менува своите планови за новата сезона откако Кристијано Роналдо
ставил јасно дознаење дека сака да си замине.

Кога Кристијано
не извести дека сака да си замине, ние веднаш помисливме на тоа како да се справиме со предизвиците во иднина

вели Керубини за „Тутоспорт“, а потоа се осврна на Моисе Кин кој беше доведен
од Евертон, односно вратен во клубот.

Кин не е замена
за португалскиот напаѓач, но еден од оние кои се во планот за да се продолжи со
победите во еден сосема различен проект
“ подвлече тој, алудирајќи на сосема
различниот проект кој „Старата дама“ го означила.

Роналдо си замина
од редовите на „Старата дама“ со еден одличен учинок од 101 гол на 134
натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×