Кристијано
Роналдо се врати во Манчестер јунајтед каде претходно беше дел од тој клуб во
периодот од 2003 до 2009 година, Португалецот би можел второто деби за „Црвените
ѓаволи“ да го забележи уште викендов на мечот против Њукасл на домашен терен во
четвртото коло од Премиерлигата, иако постојат сомнежи околу тоа дали Оле Гунар
Солшер ќе тргне со него уште од првата минута.
„Тука не сум на
одмор, порано беше одлично, имавме значајни победи, тука сум повторно да
победуваме заедно“ рече Роналдо во интервјуто за официјалната клупска
телевизија, а интервјуиран беше од поранешниот стопер на „Црвените ѓаволи“, Вес
Браун.
„Имам капацитет
за тоа, јас и моите соиграчи, подготвен сум, ова е добра шанса за мене,
навивачите, како и за клубот да продолжи со својот развој“ додаде Португалецот
во интервјуто со неговиот поранешен соиграч.
„Подготвен сум за
овој голем предизвик и верувам дека ќе бидам од клучна улога во наредните три
или четири години“ нагласи Роналдо алудирајќи на тоа дека може да му помогне на
клубот од „Олд Трафорд“ за да го прекине постот од осум години без титула во
Премиерлигата.
„Тука сум да
победувам, луѓето говореа за моите години, но треба да разберат дека јас сум
целосно поинаков од останатите, а го докажав тоа од година во година, 100% сум
сигурен дека работите ќе се движат во позитивна насока“ заклучи Роналдо.