Во Англија законите важат за сите, па така и за Марез

by
1 минути читање

Ѕвездата на
англискиот првак Манчестер Сити, Ријад Марез се здобил со суспензија откако бил„уловен“ како вози со својот автомобил на делница од автопат со брзина
од 120 километри на час.

„Сан“ тврди дека
30 годишниот Алжирец го прекршил ограничувањето на „М6“ автопатот, а се
здобил со парична казна од 2,500 фунти, но и суспензија од возење на автопат во
рок од цели 56 денови.

Марез прекршокот
го сторил со својот автомобил „Ауди РС6“, возило вреднувано на 100,000 фунти, а
30 годишниот Алжирец не е прв пат со своето возило да ја надмине дозволената брзина на движење по тамошните патишта.

Претходно се
здоби со забрана за возење во траење од шест месеци поради тоа што возеше со 77
километри на час во област каде дозволена максимална брзина била 50 километри
на час, а тоа се случи во 2016 година кога беше дел од Лестер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×