Артета: Проектот е долгорочен, но потребни ни се резултати веднаш

by
1 минути читање

Арсенал има три порази на првите три натпревари во Премиерлигата и се уште нема постигнато ниту гол.

Иако спортскиот директор Еду и Артета објаснуваат дека проектот е долгорочен, фановите на Арсенал не се уверени во светлата иднина. Тренерот на Арсенал знае дека тие мора веднаш да почнат да победуваат за да го симнат притисокот.

„Се обидовме да го објасниме проектот и одлуките кои ги направивме во изминатите неколку месеци во преодниот рок. Бројката на промени во изминатите две-три годиини е речиси 30 фудбалери. Еду го објасни тоа, се обидов да објаснам и јас“, вели Артета.

„Се обидуваме да креираме и изградиме проект и силно веруваме во тоа. Тоа е опција која веруваме дека е најдобра за иднината. Сите ние кои сме инволвирани во одлуките ја преземаме одговорноста“.

„Сега треба да направиме проектот да работи. Комплексноста во фудбалот е дека сакате да изградите среднорочен, долгорочен проект кој ќе почне веднаш да дава резултати“.

„И свесни сме за тоа, бидејќи нема друг начин во фудбалот, мора да имаме резултати и подготвени сме за тоа“.

„Потребна ни е таа прва победа. Играме пред нашите фанови и по тој разочарувачки старт треба да се покажеме со добар перформанс и победа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×