Ливерпул не верува дека ФИФА може да им ги суспендира фудбалерите за меч во Премиерлигата

by
1 минути читање

Дури тројца од осумте суспендирани фудбалери се од Ливерпул, Алисон, Роберто Фирмино и Фабињо.

Бразил побара од ФИФА фудбалерите да бидат суспендирани бидејќи не се појавија на репрезентативна должност иако беа повикани.

Фудбалерите не отпатуваа во Бразил бидејќи клубовите не ги пуштија поради тоа што требаше да одат во карантин кога ќе се вратат од Јужна Америка.

Според „Скај Спортс“ Ливерпул верува дека поради пандемијата на ковид-19  мерките според кои фудбалерите мора да одат во карантин, ФИФА не може да им ги суспендира фудбалерите.

Нејасно е дали Ливерпул и покрај суспензијата од ФИФА ќе се осмели да ги игра своите фудбалери на мечот со Лидс.

Но, информациите велат дека Премиерлигата има дијалог со релевантните институции и ситуацијата ќе биде расчистена пред да почнат натпреварите по што ќе се знае дали играчите ќе можат или нема да можат да настапат.

Се верува дека ФИФА нема да направи отстапка и ќе остане на својот став.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×