Гризман: Сево ова е благодарение на Симеоне, ги живеев најдобрите моменти во овој клуб

by
1 минути читање

30 годишниот
Антоан Гризман се врати во старото јато, па во новата сезона ќе го гледаме во
дресот на Атлетико Мадрид, каде претходно во петте сезони од 2014 до 2019
година на 180 натпревари успеа да постигне 94 погодоци.

Гризман не се
прослави во Барселона, па Французинот стави и јасно дознаење дека неговата главна
цел во моментов е да ги врати магичните моменти со „Јорганџиите“ кои ги имаше
претходно во кариерата, а потсети и на одличниот однос со Симеоне.

Мислам дека
постоеше убав однос помеѓу навивачите на овој клуб и мене, сакам да го
пронајдам тоа повторно
“ рече Гризман.

Ќе дадам се
од себе како и секогаш, тоа е мојот
стил на игра додека сум на теренот, секогаш е така, ќе дадам се
за навивачите на трибините, но и оние кои
ќе навиваат за нас од дома, се надевам дека ќе можеме одново да ги вратиме
магичните моменти кои ги имавме заедно претходно, тоа е мојата главна цел

додаде Французинот, а потоа ја потврди одличната соработка со тренерот Диего
Симеоне.

Сево ова е
благодарение на него, тој имаше големо влијание во мојата кариера, ги живеев
најдобрите моменти во овој клуб, како на професионален, така и на лично
приватен план, тој секогаш упатуваше голема поддршка до мене, но и моето
семејство, голема чест имам што повторно ќе играм за него
“ заклучи Гризман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×