Тебас влезе во војна со ПСЖ, а од таму му порачаа прво да си го исчисти сопствениот двор

by
1 минути читање

Претседателот на
шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас во својата изјава не се штедеше на критики за
тоа како функционира француски ПСЖ, алудирајќи на тоа дека овој клуб е опасност
за фудбалот подеднакво како т.н. проект за Европска Супер Лига.

Тоа што ПСЖ го
прави е толку опасно како и проектот за Суперлигата, тој проект ние го
критикувавме, бидејќи ќе го уништи европскиот фудбал, сега истото треба да го
сториме и со ПСЖ, сиот проект е неодржлив, нема да преживее, клубот троши
повеќе од 600 милиони евра само за плати
“ рече Тебас, а Парижаните веднаш му
возвратија преку соопштение.

Нашиот предлог
до вас е најпрво да се фокусирате на вашите домашни проблеми, особено поради
тоа што Реал Мадрид и Барселона се обидуваат да ви ја растурат лигата, сите
знаат дека шпанските клубови се во големи долгови, но вината е воедно и во
одговорните лица, добивавте помош и од државата
“ стои во соопштението на ПСЖ,
на кое стои името на генералниот секретар на клубот, Викторијано Мелеро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×