168
Дел од премиерлигашките клубови одлучија да не ги пуштат фудбалерите од Јужна Америка да играат за своите репрезентации бидејќи кога ќе се вратат ќе треба да одат во карантин.
На Бразилската фудбалска федерација не ѝ се допадна тоа, па побара од ФИФА тие фудбалери да бидат суспендирани.
Исклучок е направен само за Ришарлисон поради неговиот добар однос со Фудбалската федерација на Бразил. Тој настапи и на Копа Америка и на Олимписките игри во Токио.
Суспендирани за престојното коло во Премиерлигата ќе бидат: Алисон, Фабињо, Фирмино, Едерсон, Габриел Жесус, Рафиња, Фред и Тијаго Силва.