Младата ѕвезда на
италијанскиот прволигаш Јувентус, Вестон МекКени ги прекршил ковид протоколите
за време на интернационалната пауза, а поради тоа е вратен назад во својот
клуб.
Репрезентативецот
на САД внел особа во заштитената зона, попозната како „меур“ во хотелот каде
била сместена националната селекција, а поради тоа што го загрозил здравјето на
сите останати, 23 годишниот фудбалер се здоби со суспензија.
Истовремено, се
верува дека МекКени поминал и една ноќ вон хотелот, а на социјалните мрежи
следеше и извинување од негова страна за сите недозволени постапки кои ги
сторил.
„Суспендиран сум
за вечерашниот меч поради прекршување на ковид протоколите, жалам за моите
постапки, се извинувам, ќе навивам силно за момците вечерва, се надевам дека ќе
се вратам во тимот наскоро“ напиша тој во пресрет на мечот со Канада каде репрезентацијата на САД ремизираше со 1-1 на свој терен во мундијалските
квалификации за Северна и Централна Америка.
Скандалот со
МекКени не е ништо ново во денешниот фудбал, каде сме сведоци на повеќе вакви
ситуации во кои фудбалерите ја искористуваат интернационалната пауза, односно
го злоупотребуваат националниот тим за „едновечерна забава“.