Поранешниот
фудбалер и член на Реал Мадрид, сегашен претседател на Реал Ваљадолид, Роналдо
јасно наведе дека за освојување на Лигата на шампионите не е потребно само да
се има најдобриот состав на хартија, со тоа што индиректно испрати
предупредување до ПСЖ.
„Се уште е рано
да кажеме кој ќе ја освои Лигата на шампионите, сликата добива на димензија во
четвртфиналната фаза, а ПСЖ во моментов е во пол позиција, но едно е да
зборуваме, а сосема друго е на теренот со играта“ рече легендарниот Бразилец за
„ДАЦН“.
„Постојат многу
фактори кои влијаат на случувањата на теренот, играв во Реал Мадрид речиси пет
сезони, бев дел од тимот на Галактикос, а никогаш не ја освоив Лигата на
шампионите“ додаде тој.
„Победувањето не
доаѓа по автоматизам, дури и во случај да ги имате најдобрите фудбалери во
вашиот тим, а тоа се однесува и на ПСЖ“ подвлече легендарниот фудбалер.