Асенсио ги одбил Тотнем и Милан

by
1 минути читање

Марко Асенсио бил
на радарот на Тотнем и Милан во изминатиот летен преоден рок, меѓутоа Шпанецот
категорично ја одбил можноста за преселба во некој од обата клуба, со тоа што
ставил јасно дознаење дека ќе се бори за место во тимот на „Кралевите“.

25 годишниот
крилен напаѓач веќе шеста сезона е дел од Реал Мадрид, а очајно посакува да се
врати во својата стара и препознатлива форма од пред две години, пред да почнат
проблемите со повредите.

Старо-новиот
тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти добро знае за квалитетите на Асенсио,
меѓутоа на Италијанецот нема да му биде лесно да направи простор за фудбалерот
во неговиот тим.

„Марка“ наведува
дека Тотнем особено бил сериозно заинтересиран за услугите на Асенсио, а
Премиерлигашот во него гледал еден од главните и посакувани засилувања во
офанзивата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×