Куман би можел да ја продолжи соработката со Барселона, најави Лапорта

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Барселона, Роналд Куман би можел наскоро да ја продолжи
соработката со клубот, најавува првиот човек на клубот од „Камп Ноу“, Жоан
Лапорта.

Куман ја има
сета моја поддршка, мојата почит но и доверба за да може да работи во целосно
релаксирачка атмосфера
“ вели Лапорта во интервјуто за „Онзе ТВ“.

Ние разговаравме
во неколку наврати со неговиот агент Роб Јансен, а се уште разговараме, му
реков на тренерот дека треба да биде силен, не треба да биде во слаба позиција
во завршниот период од договорот, ја развив можноста за продолжување на
соработката
“ додаде првиот човек на Барселона.

Актуелниот
договор на холандскиот фудбалски стратег истекува идното лето, па иако
клупската легенда Чави и натаму се споменува како можен иден нов тренер на
Каталонците, се чини дека Лапорта има целосна поддршка до Куман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×