Серхио Агуеро
како слободен играч потпиша за Барселона, а аргентинскиот напаѓач за брзо ги
воочи разликите од „Камп Ноу“ споредено со работата во Манчестер Сити.
Самата изјава на
Аргентинецот доволно говори за тоа колку Барселона внимава на сите можни детали
за да заштеди откако клубот влезе во доста критична состојба во поглед на финансиите,
а се верува дека се внимава и на тоа како се троши електричната енергија.
„Сакав да бидам
еден час порано стигнат на тренингот за да проверам дали може да одам во
теретаната, меѓутоа немаше можност за тоа да го сторам, дури и светлата беа
изгаснати, многу е поразлично“ вели 33 годишниот напаѓач.
„Во Манчестер
Сити ние навикнавме да пристигнуваме на тренинзите најмалку еден и пол час
порано од предвиденото, тука тоа се прави околу 30 минути пред самиот тренинг“
додаде тој.
„Како и да е, ова
е чекор напред во мојата кариера, а се надевам дека ќе можам да му помогнам на
тимот, сакам да играм и да му помогнам на тимот, би бил среќен индивидуално
доколку тимот оди во позитивна насока во однос на резултатите“ подвлече
Аргентинецот, алудирајќи на тоа дека кај него има амбиции во новото
опкружување.
Агуеро во мај
потпиша две годишен договор со Каталонците, но за момент наиде на една доста
непријатна ситуација откако Лионел Меси си замина од клубот, сонародникот со
кого имаше голема желба да биде соиграч.