Кристијано
Роналдо би можел да почека до идниот вторник за неговото второ деби во дресот
на Манчестер јунајтед, пишуваат повеќе медиуми на Островот.
36 годишниот
Португалец оваа седмица треба да стартува со тренинзите во старо-новиот клуб
откако помина пет денови во карантин поради правилата и рестрикциите за заштита
од ковид-19.
На Островот
известуваат дека Роналдо има мал период за да се подготви за дуелот на домашен
терен против Њукасл во сабота во рамките на четвртото коло од Премиерлигата,
натпревар за кој многумина сметаа дека Португалецот ќе биде подготвен.
Сепак, сега се
наведува гостувањето кај Јанг Бојс во Швајцарија во вторник како натпревар каде
Роналдо би можел да го забележи своето второ деби во кариерата во дресот на „Црвените
ѓаволи“.