Рибери по потписот за Салернитана: Живеам за фудбалот, ако живеев за пари немаше да бидам тука

by
1 минути читање

Синоќа Рибери имаше голема презентација, навивачите го пречекаа како Бог. Тој им вети дека ќе го даде најдоброто од себе за да изборат опстанок.

„Сите ние имаме една цел, да опстанеме. Ќе го дадам најдоброто за сите вас, за клубот и за тимот. Ви благодарам на сите“, им се обрати Рибери на фановите.

„Тимот е најважен, и сакам да им помогнам на помладите фудбалери“.

„Преговорите не траеа долго, зборував со спортскиор директор Фабиани на видео конференција и тој ми ја пренесе целата негова мотивација. Ја чувствував љубовта од фановит дури и пред да дојдам“.

„Се чувствувам добро и тука не сум за да се забавувам. Имам уште многу да покажам. Серија А е тешка лига и треба да го дадам најдоброто“.

„Живеам за фудбал, доколку живеев за пари, немеше да бидам тука“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×