Барселона нема да го казни Пике за сурфањето со Шакира

by
1 минути читање

Во шпанските медиуми се појавија слики од Пике и Шакира како сурфаат во Кантабрија за време на изминатиот викенд.

И тоа немаше да биде вест доколку Пике во моментов не е повреден. Но тој е надвор од теренот поради повреда и не смее да има активности како што е сурфање.

И самиот Пике го знае тоа, па неговите луѓе кои биле на плажата се обиделе да го убедат фотографот да ги избрише сликите, но не успеале, тие излегоа во јавноста.

Сепак, Пике нема да добие казна, потврди Лапорта.

„Тој беше во Кантабрија, но добро се познава себеси и мислам дека е добар. Нема да го казниме. Тој многу пати се жртвувал за Барселона. За неговиот професионализам не смее да стане збор. Отсекогаш сум велел дека тој ќе биде одличен претседател на Барселона“, изјави Лапорта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×