Откриени деталите: Манчестер јунајтед ќе му плаќа на Јувентус и кога Роналдо ќе си замине од Олд Трафорд

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо овој викенд се очекува да го има своето второ деби во дресот на „ѓаволите“
откако во последните денови од преодниот рок направи сензационален трансфер на
Олд Трафорд.

Новинарот
Фабрицио Романо сега ги објави деталите од зделката. Манчестер јунајтед на
Јувентус ќе му плати 15 милиони евра. Исплатата ќе се врши на пет рати, до 2026
година, односно „ѓаволите“ ќе плаќаат и кога Португалецот ќе си замине (има
договор на две години плус една додатна).

На „бјанконерите“
исто така им следува и бонус од 8 милиони евра во зависност од резултатите и
успесите, од кои 5 ммилиони евра се лесно остварливи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×