Агентот на Ван де
Бек, Гудо Алберс не крие дека враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер
јунајтед било лоша вест за него и неговиот клиент, а тој потврди дека постоела
можност Холанѓанецот да се пресели во Евертон, меѓутоа тој трансфер го стопирал
шефот на стручниот штаб на „Црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солшер.
„Кристијано
Роналдо дојде во клубот во петок, а ние знаевме дека тоа е лоша вест за нас“
вели Алберс за „ЗигоСпорт“.
„Имавме состанок
со Солшер и со бордот на директори на клубот, презедовме иницијатива за
пронајдеме клуб, а нашата потрага заврши со Евертон, воспоставивме контакти,
почнавме разговори, а во понеделникот, во пресрет на крајниот рок за трансфери,
добивме повик од Солшер и клубот, ни порачаа дека нема да се случи трансфер“
додава тој.
Ван де Бек запиша
36 настапи за „Црвените ѓаволи“ во сите конкуренции во неговата дебитантска
сезона во клубот од „Олд Трафорд“, а повеќето од тие настапи беа влегувајќи на
теренот од клупата за резервни фудбалери.