Германија шест пати ја тресеше мрежата на Ерменија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Македонија денеска и покрај водството од 2-0 не успеа да го победи Исланд, одигравме 2-2. На останатите два меча од нашата група фаворитите победија, но Германија го направи тоа преубедливо.

По само 15 минути игра, Германија со два гола на Гнабри веќе имаше водство од 2-0 над Ерменија.

До крајот на првото полувреме голови постигнаа и Ројс и Вернер, па на одморот се замина со предност за Германците од 4-0.

Во второто полувреме погодија и Хофман и Адејеми за конечни Германија – Ерменија 6:0.

Романија со голови на Тоска и Манеа славеше над Лихтенштајн со 2-0.

Табела по 5 кола:

1. Германија 12

2. Ерменија 10

3. Романија 9

4. Македонија 8

5. Исланд 4

6. Лихтенштајн 0

Во среда играат: Македонија – Романија, Исланд – Германија, Ерменија – Лихтенштајн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×